Драган Ружојчиќ е основач и партнер во Адвокатското друштво РУЖОЈЧИЌ Скопје. Тој е член на адвокатската комора и магистар по Деловно право. Негови главни области на делување се во областа на правото на трговските друштва, стопанското право, работните спорови, управното право, финансиското право и финансискиот криминал.
Александра Ружојчиќ е основач и партнер во Адвокатското друштво РУЖОЈЧИЌ Скопје. Таа е член на адвокатската комора и овластен застапник за индустриска сопственост пред Државниот завод за заштита на индустриската сопственост. Нејзини главни области на делување се во областа на граѓанското право, работните спорови и заштитата на правата од индустриската сопственост.
Основачите на адвокатското друштво Адвокат Драган Ружојчиќ и Адвокат Александра Ружојчиќ, како и вработените адвокати, стручни соработници и помошници се максимално посветени и спремни да одговорат на сите предизвици кои ги бара правничката професија.
По потреба за специфични прашање на клиентите, адвокатското друштво соработува со еминентни правници и екперти од повеќе општествени области, при што овие лица во секој момент се достапни да одговорат на потребите на адвокатското друштво.
Во случај на зголемен обем на работа, како и во случај на потреба од застапување на клиентот во странство, адвокатското друштво има склучено договори за деловна соработка со повеќе домашни и странски адвокатски канцеларии.